Економија Македонија лани ја посетиле 9.000 руски туристи

Македонија лани ја посетиле 9.000 руски туристи

Македонија минатата година ја посетиле 9.000 руски државјани, кои оствариле 23.500 ноќевања. Поголемиот дел од нив биле во Охрид, македонскиот туристички бисер, кој туристичките оператори од Руската Федерација високо го рангираат.

Годинава се очекува зголемување на оваа бројка, а за тоа придонесуваат и субвенциите, кои за посетителите од Руската Федерација изнесуваат и до 65 евра по турист, а се однесуваат на групи поголеми од 10 туристи што остваруваат минимум три ноќевања.

Општина Охрид, во Москва организираше промоција со видеопрезентации за убавините на Охрид и поединости од охридската туристичка понуда. Притоа градоначалникот Никола Бакрачески остварил бројни средби со претствници на туристичкиот бизнис во Русија.

Бакрачески во Москва, меѓу другото, се сретнал и со директорот на Федералната агенција за туризам на Руската Федерација, Валери Корувкин.