Спорт Македонија во Скадар ќе ги почне квалификациите за Светското фудбалско првенство

Македонија во Скадар ќе ги почне квалификациите за Светското фудбалско првенство

Македонската фудбалска репрезентација со мечот против селекцијата на Албанија, закажан за 5 септември, ќе го почне квалификацискиот циклус за Светското првенство во 2018 година, што ќе се одржи во Русија.

Мечот, како што одлучи албанската фудбалска федерација, ќе се игра во Скадар, на стадионот „Лоро Боричи“, кој има капацитет од 20.000 седишта и во моментов се реновира.

Еден месец подоцна, предвидени се два нови квалификациски меча, односно на 6 октомври Македонија се среќава со Израел, а три дена подоцна со репрезентацијата на Италија.

Пред почетокот на квалификацискиот циклус планирани се пријателски натпревари со селекциите на Словенија, Романија, Бугарија и на Иран.