Македонија Македонија ќе побара екстрадиција за Османи

Македонија ќе побара екстрадиција за Османи

Косовските власти го известиле македонското Министерствтото за внатрешни работи дека е приведен Сулејман Османи од село Брест, за кого МВР имаше издадено меѓународна потерница распишана преку Интерпол.

Според МВР, тој бил дел од групата што учествуваше во нападот во кумановско Диво Насеље на 9 мај, но успеал да ѝ побегне на полицијата. Тој е осомничен за кривично дело тероризам, а постојат сомнежи дека учествувал и во нападот на Полициската станица Гошинце. Османи е во притвор во Косово, а МВР, во согласност со законските одредби, ќе го информира Министерството за правда за почнување на екстрадициската постапка.