Македонија Македонија денеска во портокалова фаза

Македонија денеска во портокалова фаза

Охридско–преспанскиот, јужно-вардарскиот регион и осоговско-малешевски регион, денеска ќе бидат зафатени со температура од портокалова фаза, а другите региони со температура од жолта, односно алертна фаза, соопшти Министерството за здравство, повикувајќи се на најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според УХМР, дневната температура ќе се движи од 35 до 42 Целзиусови степени, а УВ-индексот ќе изнесува 9.

Владата донесе препорака за ослободување од работните обврски на сите лица што работат со скратено работно време поради здравствени причини.

Воедно, се препорачува да се избегнува вршење градежни работи на отворено во периодот од 11 до 17 часот (за еден час подолго од досегашната мерка која се однесуваше на периодот од 12 до 17 часот).