Технологија Гаџети „Мајкрософт“ поправи грешка од минатиот век

„Мајкрософт“ поправи грешка од минатиот век

„Мајкрософт“ објави „крпеница“ (patch) која ја поправи грешката во пакетите „виндоус“ и „офис“ стари 19 години. Проблемот, кој датира од минатиот век, го открија експертите на „Ај-Би-Ем“ во мај годинава, но во тајност работеле со „Мајкрософт“ на негово решавање.

Како што соопшти „Ај-Би-Ем“, грешката е присутна во сите верзии на „виндоус““ издадени од 1995 година па сè досега, а таа им овозможувала на хакерите да користат далечинска контрола над нападнатиот компјутер.

„Мајкрософт“ го објави решението за проблемот во рамките на редовниот месечен безбедносен пакет.

Ноемвриското издание има 14 „крпенки“, а две ќе бидат дополнително лансирани. Компанијата ги повика своите корисници што побргу да ги инсталираат новите „крпенки“.