Свет Европа Мајка и пет деца загинаа во пожар во Русија

Мајка и пет деца загинаа во пожар во Русија

Жена и нејзините пет деца загинаа во пожар во областа Спировски во централниот руски регион Твер, јавуваат руските медиуми.

Како што соопшти руското министерство за вонредни ситуации, во пожарот, кој избил нешто пред три часот утринава во резидентен објект, повреден е и едем маж, кој веднаш е хоспитализиран.

Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот околу 3.30 часот.