Македонија Маја Иванова подели пакетчиња на децата од Детска клиника

Маја Иванова подели пакетчиња на децата од Детска клиника

Новогодишни пакетчиња на болните деца на Клиниката за детски болести денеска подели сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, заедно со синот Иван.

Директорка на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, се заблагодари и истакна дека првата дама на државата е пријател на Клиниката и дека го заокружила овој последен ден од годината со мало внимание кое вратило многу насмевки на детските лица.

Заради лекување, 80 деца, од кои најголем број на онколошкиот оддел, заедно со своите мајки, новогодишната ноќ ќе ја поминат на Детската клиника.