Македонија Магла на Стража и на Плетвар, АМСМ апелира за внимателно возење

Магла на Стража и на Плетвар, АМСМ апелира за внимателно возење

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Појава на магла со видливост од 30 до 50 метри се бележи на планинските премини Стража и Плетвар, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и во засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.