Македонија МАЕИ: Претепувањето на Петров е антимакедонски чин

МАЕИ: Претепувањето на Петров е антимакедонски чин

Претепувањето на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, за партијата на Македонците во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), е антимакедонски чин и варварски акт со кој се сака да се внесе страв меѓу Македонците.

„Македонска алијанса за европска интеграција, како и Македонците во Албанија се шокирани од вчерашното бруталното насилство врз претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров. Нападот врз Петров е напад врз сите Македонци, каде и да се наоѓаат. Бараме од надлежните институции на Република Македонија да ги пронајдат насилниците и напаѓачите и соодветно да ги казнат“, пишува во реакцијата на МАЕИ.