Економија Луѓето од руралните средини во Европа ги афирмираат своите права

Луѓето од руралните средини во Европа ги афирмираат своите права

На собирот на 240 претставници на руралните заедници од 40 европски земји, меѓу кои и Мрежата за рурален развој на Македонија, беше одобрен Европски рурален манифест.

Со него, претставниците на руралните заедници повикаа на целосно признавање на правата на нивните заедници кон квалитетен живот и животен стандард, еднаков на оној што го има урбанoтo населениe, како и целосно учество во политичките процеси.

Собирот, кој вторпат се организираше како Европски рурален парламент, се случуваше во периодот од 4 до 6 ноември, во Шардинг, Австрија.

Манифестот, со кој се застапуваат акции за 30 клучни прашања, претставува резултат на националните кампањи во 40 земји, во кои беа вклучени илјадници жители на руралните средини.