Македонија ЛП: Укинување на аболицијата и концентрациона влада со јасни обврски

ЛП: Укинување на аболицијата и концентрациона влада со јасни обврски

Либералната партија на вчерашната седница на извршниот комитет на партијата одлучи да остане на ставот дека нема да легитимира неверодостоен изборен процес на 5 јуни.

За каков било политички и граѓански дијалог за надминување на политичката криза, од ЛП сметаат дека треба да се повлече одлуката за аболиција на Иванов и Собранието да се свика за поништување на одлуката за негово распуштање.

„Исполнувањето на овие услови не е прашање на преговори, туку почетна точка по која може да се трасира концепт и динамика на демократска транзиција во земјата со примена на препораките од извештајот на Прибе. Тоа го потврдува и предлогот на Либералната партија од октомври 2014 година за концентрациона влада што ќе ја спроведе транзицијата низ институциите и ќе организира фер и демократски избори во адекватен термин“, велат од ЛП.

Од партијата сметаат дека преговарачкиот формат за излез од кризата бара проширување на кругот на учесници со граѓански сектор и со други партии, паралелно со зголемениот ангажман од меѓународната заедница.