Македонија ЛП: МАНУ да побара оставка од Груевски

ЛП: МАНУ да побара оставка од Груевски

Либерална партија со внимание го проучила ставот на претседателот на Македонската академија за науки и уметности (МАНУ), Владо Камбовски, во врска со објавените разговори од тековната афера со прислушување. „Секако, и ние и јавноста воопшто, очекуваме став на МАНУ како уникатна институција на интелектуалната и на научната елита во земјата“, стои во соопштението од Либерална партија.

„Либералната партија, еднакво како и претседателот на МАНУ, посакува Македонија да е правна држава и да можеше доказите од аферата да се процесуираат низ институциите на системот, во согласност со Уставот и со законите. Но, од досега објавената содржина на разговорите на државни функционери, веќе е јасно дека институциите на системот ниту одлучуваат, ниту постапуваат во согласност со Уставот и со законите. Напротив, тие се компромитирани и инструментализирани од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а Македонија не е држава во која владее правото. Либералната партија смета дека МАНУ треба да ни се придружи на сите кои бараме итна оставка на Груевски, што ќе овозможи формирање нова, концентрациона влада, која што ќе го врати достоинството и духот на демократските институции“, се вели во соопштението.