Македонија Локализиран пожарот кај Свети Николе, во моментов се активни девет пожари

Локализиран пожарот кај Свети Николе, во моментов се активни девет пожари

Во текот на денот биле изгаснати пет пожари

фото: Центар за управување со кризи (ЦУК)

Пожарот во светиниколско е локализиран, благодарение на локалните пожарникари, доброволните пожарникари и храбрите пилоти на полициските хеликоптери, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Тој додаде дека во моментов се врши проверка и догаснување на пожарот.

Станува збор за пожар кој се појавил денеска околу пладне во Кривчева река, а гореле сува трева и ниска вегетација.

Од ЦУК рекоа дека денеска до 15 часот и 50 минути имало вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, активни се девет, и тоа во општините Прилеп, Гази Баба, Свети Николе, Дојран, Битола, Арачиново, Демир Хисар и Велес.

Денеска биле изгаснати вкупно пет пожари – во штипско, кумановско, во Карбинци, охридско Ново Село и Буково.