Спорт Ливерпул го „врза“ Кутињо до 2020 година

Ливерпул го „врза“ Кутињо до 2020 година

Фудбалерот на Ливерпул, Филипе Кутињо, го продолжи договорот до 2020 година, потврдено е на веб-страницата на англискиот премиерлигаш.

Англискиот клуб го продолжи договорот со Кутињо три дена откако имаше одличен настап против Вест Хем, кога асистираше на двата гола на Рахим Стерлинг и на Данијел Стариџ.

Кутињо е најдобар асистент на Ливерпул откако во 2013 година пристигна од Интер. Тој на 81 натпревар даде 10 гола.

– Да се игра за Ливерпул е остварување на сонот и мило ми е што сум член на овој тим. Задоволен сум што во следниот период ќе играм за Ливерпул. Отсекогап ја имав поддршката од сите во клубот и сакав да останам – рече Кутињо.