Македонија Литванија го ратификуваше Протоколот за прием на државата во НАТО

Литванија го ратификуваше Протоколот за прием на државата во НАТО

Сејмот на Литванија денеска со 108 гласови „за“ и ниту еден против го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО и со тоа, оваа држава стана осмата членка на НАТО која го ратификуваше протоколот.

На пленарната седницата присуствуваше и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Џафери претходно имаше средба со шефот на дипломатијата на Литванија Линас Линкевичиус, кој ја повторил силната поддршка од Вилнус за интеграција на Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

Освен Литванија, до сега протоколот за членство во НАТО го ратификуваа и Грција, Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора и Романија.