Економија Ликвидноста на банкарскиот систем е стабилна

Ликвидноста на банкарскиот систем е стабилна

Ликвидноста на банкарскиот систем и понатаму е стабилна и е на задоволително ниво и покрај користењето на ликвидните средства на банките, кои се зголемија во вториот квартал од 2015 година, се вели во најновиот извештај на Народна банка.

– Стабилната солвентност на банкарскиот систем дополнително зајакна. Во вториот квартал од 2015 година, стапката на адекватност на капиталот благо се зголеми на 16,2 проценти, при што порастот на сопствените средства на банкарскиот сектор беше главниот фактор за зголемувањето. Профитабилноста и понатаму има позитивен тренд, најмногу како резултат на депозитните каматни стапки, кои опаѓаа и во вториот квартал од 2015 година. Токму стеснетиот простор за понатамошно кратење на депозитните каматни стапки, се очекува дека ќе претставува значаен предизвик за профитабилноста на банките во наредниот период – се вели во соопштението на Народна банка.