fbpx

МБА: Не верувајте нa невистини и искривени толкувања на социјалните мрежи, банкарскиот систем е стабилен

-

Македонската банкарска асоцијација (МБА) се огласи со предупредување по објавите во социјалните мрежи „со неточни информации за состојбите во банкарскиот систем и за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснован немир кај граѓаните“.

МБА вели дека треба особено да се внимава кога се читаат информациите поврзани со работењето на банките, односно да се прифаќаат за точни и веродостојни само информациите од официјални и проверени извори. Дополнително, нагласува дека банкарскиот систем е стабилен и сигурен!

„Се работи за коментирање на состојбите во банкарскиот систем и за поединечни банки на злонамерен начин којшто внесува немир кај населението. Употребата на социјалните мрежи и објавување полувистини, невистини или искривени толкувања на одредени информации, може да внесе непотребна паника и конфузија и да има особено штетно влијание на перцепциите на граѓаните за банките.

Во овие и онака тешки времиња кога се справуваме со кризата предизвикана од COVID-19, кога се вложуваат максимални напори да се обезбедат банкарски услуги на клиентите и при тоа да се сочува нивното здравје, паралелно со дистрибуцијата на веродостојни и корисни информации кои ќе им го олеснат животот на луѓето, овие тенденции доведуваат до бројни дезинформации кои ги збунуваат и вознемируваат граѓаните“, порача Македонската банкарска асоцијација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...