Македонија Лидерската средба поместена за вторник

Лидерската средба поместена за вторник

Лидерската средба најавена за понеделник ќе се одржи еден ден подоцна, во вторник, информира телевизијата „Алсат-М“.

Според информациите на телевизијата, во Скопје ќе допатува само еврокомесарот Јоханес Хан, без тројцата европратеници, Вајгл, Кукан и Ховит, кои беа дел од преговорите во Стразбур.

Средбата нема да се одржи во Клубот на пратеници, туку во резиденцијата на амбасадорот АИво Орав.

Од ДУИ потврдуваат дека на средбата се поканети и лидерите на албанските партии. Неофицијално, доаѓањето на Хан ќе треба да ги засили напорите за надминување на спорните прашања помеѓу власта и опозицијата.