Македонија Летоци со пораки против власта се појавија во Тетово

Летоци со пораки против власта се појавија во Тетово

На автомобилите во Тетово утрово се појавија неколку вида летоци во боја со различен дизајн и текст. На еден од нив стои текст „Крај за диктатурата“ со фотографии на Груевски, Милајков, Јанкулоска и на Ставрески во затворска облека, на друг пишува „Дали крајот вака мириса“ покрај фотографиите на Јанкулоска и на Ставрески во нацртано срце, а на два други има фотографии на Груевски со слушалки и со текст „Game Over“ или „Готов е“.

Од тетовската полиција ни рекоа дека утрово граѓани кај нив пријавиле дека на улица Маршал Тито биле расфрлани „летоци со одредена содржина“.

Испратени биле службени лица и биле „затекнати и подигнати еден или два летока“.

За случајот дополнително ќе се истражува.