Свет Летонската премиерка поднесе оставка

Летонската премиерка поднесе оставка

Премиерката на Летонија, Лајмдота Страујума, утринава најави оставка поради лошите резултати на владата во Рига.

Претседателката на владата најави оставка по состанокот со Рајмондс Вејонис, кој оценил дека владата не работи добро.

– Го известив претседателот за оставката – рече Страујума.

Лајмдота Страујума беше претседателка на владата на Летонија од ноември 2014 година.