Спорт Лејкерс го совлада Торонто по две продолженија

Лејкерс го совлада Торонто по две продолженија

Во синоќешните дуели од НБА-лигата ЛА лејкерс го совлада Торонто со 129:122 и тоа по две продолженија, а најзаслужен за победата беше Коби Брајант со 31 поен, 11 скокови и со 12 асистенции.

Мемфис, како гостин, го совлада Сакраменто со 97:85.
Голден стејт на гости го победија Детроит со 104:93, Мајами го победи домаќинот Њујорк со 86:79, а шампионот Сан Антонио го надигра Бостон со 111:89 на неговиот терен.