Македонија „Леар“ од Мичиген најави инвестиција во Гостивар

„Леар“ од Мичиген најави инвестиција во Гостивар

Корпорацијата „Леар“, со седиште во Саутфилд, Мичиген, водечки глобален производител на делови од автомобилската индустрија, денеска најави дека планира да отвори нова фабрика во Гостивар, во текот на летото следната година.

„Леар“ доставува делови за сите поголеми европски производители на автомобили. Се планира во новата фабрика почетно да се вработат околу 300 луѓе, а понатаму се очекува фабриката да се проширува.