Свет Ле Дријан: ИД тргна да ги освојува либиските нафтени полиња

Ле Дријан: ИД тргна да ги освојува либиските нафтени полиња

Исламска држава тргна во освојување на внатрешноста на Либија за да ги стави под контрола тамошните наоѓалишта за нафта, изјави денеска за радио РТЛ францускиот министер за одбрана, Жан-Ив ле Дријан.

– Под нивна контрола е територија од 250 километри долж брегот на земјата, но почнуваат да продираат во внатрешноста поради тамошните наоѓалишта и резерви со нафта – рече Ле Дријан, чија земја минатата недела почна извидувачки летови над Либија.