Македонија ЛДП: Селективните аболиции ја погазуваат правната држава и владеењето на правото

ЛДП: Селективните аболиции ја погазуваат правната држава и владеењето на правото

Целосно повлекување на аболицијата и оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата претседател се главните заклучоци на Централниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП), по синоќешниот состанок на кој се анализираше актуелната политичка состојба во државата.

– Масовната аболиција од 12 април, а сега и селективната аболиција, потпишана од Иванов ја втурна Македонија во уште потешка и подраматична политичка, економска и морална криза. Селективните аболиции на политичари се несвојствени за демократските општества и длабоко ја погазуваат правната држава и принципите на владеење на правото – се вели во соопштението на ЛДП.

Оттаму, Централниот одбор на партијата смета дека поделбата на граѓаните, на тие за кои важи селективната правда и на оние за кои не важи правдата е недопустливо и надвор од разумот.