Македонија ЛДП му даде поддршка на Заев да ги објави „бомбите“

ЛДП му даде поддршка на Заев да ги објави „бомбите“

Целосна поддршка на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да го објави материјалот за наводно криминално работење на власта, му даде Либерално-демократската партија.

– Централниот одбор едногласно донесе одлука да се даде поддршка на Заев да се почне со објавувањето на материјалите што ги поседува, со кои ќе се разоткрие начинот на кој оваа власт управува и ги организира изборите во Македонија. Воедно беа усвоени и заклучоците со кои ЛДП, во координација со СДСМ и здружената опозиција, ќе го почне проектот „Вистината за Македонија“ – изјави претседателот на ЛДП, Горан Милевски.