Македонија Лажна пријава за наводно поставена бомба во Пошта на Северна Македонија

Лажна пријава за наводно поставена бомба во Пошта на Северна Македонија

фото: Пошта на Северна Македонија

Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека, по добиената порака на електронската адреса во објект на Пошта на Северна Македонија во Скопје за поставена експлозивна направа, е утврдено дека станува збор за лажна пријава.

По добиената пријава полициски службеници преземале мерки за безбедно евакуирање на вработените и присутните граѓани, а извршиле и детални антитерористички проверки при што било утврдено дека станува збор за лажна пријава.

Вчера дојави за бомби добија 12 скопски училишта на своите електронски адреси и за нив исто така беше утврдено дека се лажни.