Хроника Лажел дека вработува во странство и добро заработил

Лажел дека вработува во странство и добро заработил

Маж од Неготино доби кривична пријава за измама, откако двајца охриѓани го пријавиле дека ги измамил оти ќе им најде работа во странство.

Како што соопшти СВР Охрид, Д.К. (30) од Неготино во февруари и март минатата година на интернет-огласник објавил оглас дека нуди вработување во странство. Се претставувал дека е друго лице од Скопје, по што двајца охриѓани контактирале со него и му уплатиле по 90.400 денари на неговата трансакциска сметка.

Откако поминал рокот во кој охриѓаните требало да бидат известени кога ќе заминат во странство на работа, а измамникот не контактирал со нив, тие го пријавиле во охридската полиција.