Свет Европа Лавров: Западот се однесува како слон во стакларница

Лавров: Западот се однесува како слон во стакларница

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека „неспособната“ политика на Западот кон Блискиот Исток и кон Северна Африка довела до последици во регионот.

Според Лавров, тоа што се случува на Блискиот Исток и на северот на Африка е директен резултат на многу неспособниот и непрофесионалниот однос кон ситуацијата.

– Во желба да ја задржат доминацијата, нашите западни партнери се однесуваат како слон во стакларница – наведе шефот на руската дипломатија, наведувајќи дека уривањето на режимот во Ирак претставува лажен изговор.

Тој нагласи дека на западните земји приоритет им е уривање на сирискиот претседател Башар ал Асад, а потоа борбата против тероризмот.