Свет Европа Лавров: Западот не крие дека сака да го сврти рускиот народ против...

Лавров: Западот не крие дека сака да го сврти рускиот народ против власта

Западот не крие дека целта на санкции против Русија е да се нанесе штета на економија и го сврти народот против власта, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Според рускиот министер, поводите за зајакнување на санкциите се бираат многу валкано, потсетувајќи дека пример за тоа се санкциите во јули, воведени поради падот на малезискиот боинг.

– Не е во ред и е валкано една трагедија да се користи за да се постигнат сопствени геополитички цели- изјави Лавров.

Министерот за надворешни работи на Русија изјави дека европските земји биле воздржани и кон првиот бран санкции, и оти тоа е јасен показател дека „САД ја натерала целата ЕУ да се потчинат на нивните барања“. Тој потсети дека и самиот потпретседател на САД, Џо Бајден отворено говорел за тоа.