Македонија Лавина кај Маврово-Дебар, забрани за камиони на неколку превои

Лавина кај Маврово-Дебар, забрани за камиони на неколку превои

На планинскиот превој Ѓавато денеска во 7 часот е укината забраната за тешки товарни возила.

Од 6 часот, пак, повторно е во целосен прекин сообраќајот на патот Маврово – Дебар, поради снежната лавина што падна синоќа околу 18 часот кај Бигорскиот манастир, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – село Колари и обратно, како и на планинските превои Пресека, Буково и Ѓавато. На патот Тетово – Попова Шапка има забрана за тешки товарни возила и автобуси.