Економија Лагард: Не само банките туку и банкарите треба да поднесат одговорност

Лагард: Не само банките туку и банкарите треба да поднесат одговорност

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагарад, изјави дека поединци во банкарскиот сектор мора да поднесат одговорност за своето етичко однесување, пренесува американскиот магазин „Волстрит журнал“.

– Потребна ни е култура на одговорни поединци. Таа промена може да дојде однатре. Но, тоа мора да биде поддржано и одржливо во целата организација, од врвот па надолу – изјавила Лагард за време на посетата на американската управа за федерални резерви.

Таа истакнала дека освен за време на финансиската криза во 2008 година, злоупотребите од одредени банкари продолжиле и по неа.

Според резултатите на минатогодишната анкета на истражувачката компанија „Харис интерактива“, околу 45 проценти од испитаниците, репутацијата на банкарскиот сектор ја оцениле негативно.