Свет Курдските борци го чистат Синџар од ИД

Курдските борци го чистат Синџар од ИД

Курдските сили денеска од сите страни влегуваат во стратегискиот град Синџар, на северот на Ирак, кој Исламска држава го презеде пред повеќе од една година, кога зароби илјадници јазиди, соопшти Курдскиот регионален безбедносен совет.

Курдските борци целосно ги пресекле сите линии на комуникација на џихадистите во Синџар и почнале да го чистат градот.

Во Синџар се слушаат пукотници, додека курдските борци од ридот слегуваат во градот. Според локалните медиуми, некои од Курдите се вооружени со фрлачи на гранати, што ги носат на рамена.

Со поддршка од американските воздухопловни сили, Курдите синоќа ги отсекоа припадниците на ИД во Синџар од источната и од западната страна. Ова би можело да претставува пресврт во напорите да ги победат џихадистите.