Македонија Куманово го одбележа денот на ослободувањето

Куманово го одбележа денот на ослободувањето

Куманово

Општина Куманово денеска го одбележа денот на ослободувањето на градот, а по тој повод, делегации од Сојузот на борците, локалната самоуправа, АРМ, МВР, амбасадите на Хрватска и на Унгарија, како и од невладиниот сектор и од политичките партии положија цвеќе пред Спомен-костурницата.

Општина Куманово организираше свечен прием за градоначалниците од збратимените градови Кампина, Чорлу, Бјелина, Никшиќ и Чукарица.

Советот на Општина Куманово вечерва ќе ги додели и „Ноемвриските награди“ на поединци, претпријатија, установи и на здруженија на граѓани.