Хроника Кумановка осомничена за фалсификување диплома од ДУТ

Кумановка осомничена за фалсификување диплома од ДУТ

Осомничената уверението за завршено високо образование го фалсификувала во 2011 година

Тетовската полиција поднела кривична пријава против Џ.Б. (28) од Куманово, осомничена дека фалсификувала уверение за завршено високо образование, со кое се вработила како наставник во основно училиште во Липково, информираат од полицијата.

Според пријавата, осомничената го сторила делото во 2011 година, кога направила лажно уверение за завршено високо образование од Филолошкиот факултет, студентска програма англиски јазик и литература при Државниот универзитет во Тетово(ДУТ). Уверението потоа го искористила за вработување во основното училиште „Антон Зако Чајупи“ во Липково.

Како што информираат од полицијата, по извршените проверки, било утврдено дека такво уверение не е евидентирано во ДУТ.

Против кумановката е поднесена кривична пријава за фалсификување исправа и за употреба на исправа со невистинита содржина.