Македонија Крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица

Крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица

Општинската организација на Црвен крст Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и оваа година, по 14. пат, ќе ја реализира традиционалната крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица.

Акцијата ќе се одржи денесска, од 9 до 17 часот, во Домот на АРМ.

Минатата година на акцијата биле собрани 242 единици крв, а од Црвен крст – Центар се надеваат дека таа бројка годинава ќе се зголеми.