Свет Крвави судири меѓу Боко харам и камерунската војска

Крвави судири меѓу Боко харам и камерунската војска

91 лице, од кои петмина војници и 86 припадници на нигериската исламистичка група Боко харам, загинале во судирите меѓу камерунската војска, на крајниот север од земјата.

Припадниците на Боко харам од заседа ги нападнале војниците и пресметката траела речиси три часа.

Групата Боко харам под своја контрола држи дел од територијата на североистокот на Нигерија, но таа стана и регионален проблем бидејќи изведува напади во Нигер и во Камерун, а пред извесно време и во Чад.