Македонија Кривичниот суд го примил обвинението против Заев за примање поткуп

Кривичниот суд го примил обвинението против Заев за примање поткуп

Скопскиот кривичен суд денеска потврди дека го примил обвинението против Зоран Заев за примање поткуп затоа што од струмичанец, наводно, побарал 200.000 евра за да заврши процес на приватизација на државно земјиште, пренесе телевизија „Телма“.

Видеозапис со дел од таа средба беше објавен на „Јутјуб“. Обвинителството не се изјасни дали видеоснимката е дел од посебните истражни мерки и дали ќе се користи и на суд.

Заев тврди дека власта преку бизнисменот го мести струмичкиот градоначалник по теркот на случајот „Кампања“ и Љубе Бошковски. Според втората верзија, бизнисменот Сачевалиев сакал да донира за црква, но не сакал за тоа да слушнат неговите сопартијци.