Хроника Кривични пријави за три лица за криумчарење мигранти

Кривични пријави за три лица за криумчарење мигранти

Во текот на минатата недела, МВР расчисти три одвоени случаи на илегален транспорт на мигранти, при што до надлежното Основно јавно обвинителство се поднесени кривични пријави против три лица.

Кривични пријави се поднесени против А.Р. (51) од Студеничани, Б.Ј. (27), државјанин на Република Труција, и Х.Ј. (40), државјанин на Република Албанија. Од судија на претходна постапка на А.Р. и на Б.Ј. им е одредена мерка притвор во траење од осум дена, додека на Х.Ј. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.