Хроника Кривични пријави за двајца прилепчани

Кривични пријави за двајца прилепчани

Полициската служба Прилеп поднесе кривична пријава против З.А. (41) и  Ј.Т. (37), двајцата од Прилеп, како и против правното лице „Голд хит“ ДООЕЛ-Прилеп поради постоење основан сомнеж  дека неовластено продавале или купувале готовински странски платежни средства и чекови, спротивно на Законот за девизно работење. З.А. и Ј.Т. се пријавени и за недозволена трговија.

Од 18 октомври 2013 година, З.А. во договор со Ј. Т. без дозвола и овластување од Народна банка на Р.Македонија непречено вршеле менувачки работи во изнајмени деловни објекти од Прилеп, на кои истакнувале реклама менувачница, а кои ги користеле без да има каква било регистрирана трговска дејност.

З.А. претходно го користел правното лице „Златко хис“ ДООЕЛ-Прилеп, на кое бил основач и управител, но во 2014 година е ликвидирано со стечај, додека Ј.Т., која е основач и управител на пријавеното правно лице, фирма за трговија на мало со часовници и со накит, покрај трговијата со накит, непречено вршела и менувачко работење.