Хроника Кривична за стружанец, осомничен за кражба на дрва

Кривична за стружанец, осомничен за кражба на дрва

Струшката полиција поднела кривична пријава против М.В. (37), жител на градот, кој се товари за кражба на дрва.

Според полициските информации, нивна екипа на 14 јуни оваа година, кај местото Арабаба, во селото Поум, затекнала тројца албански државјани како незаконски сечат дрва и по извршениот увид било утврдено дека биле ангажирани од осомничениот стружанец.

На местото биле најдени 10 кубни метри дрва, а при претресот на домот на М.В., полицијата пронашла уште 14 кубни метри илeгално исечени дрва, нежигосани и без соодветна документација.

Од полицијата додаваат дека против тројцата албански државјани била поднесена прекршочна пријава според Законот за шуми.