Дописници Кривична пријава за злоупотреба на безвизниот режим

Кривична пријава за злоупотреба на безвизниот режим

Кривична пријава за злоупотреба на безвизниот режим заработи 43-годишниот штипјанец со иницијали Д.З.

Пријавениот, во периодот од 2011 до 2014 година, за износ од 400-500 евра успеал да превезе 111 македонски граѓани, кои биле со намера да бараат азил во европските земји.

Штипската полиција на Д.З. му поднесе пријава за злоупотреба на безвизниот режим со државите-членки на Европската Унија и Шенгенскиот договор.

Полицијата го сомничи за поттикнување и за организирање на патувањето, за превезените граѓани да стекнат социјални и економски права, спротивно на правила на ЕУ и на Шенгенскиот договор. Пријавениот ги превезувал со сопствено возило и им ветувал азилантски статус.