Хроника Кривична пријава за полициска службеничка оти не внела во евиденција изгубен телефон

Кривична пријава за полициска службеничка оти не внела во евиденција изгубен телефон

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривична пријава против полициски службеничка во локалната полициска станица, која е осомничена за несовесно работење во службата.

Според полицијата, осомничената во април годинава не пријавила и не внела во регистарот на пронајдени и на изгубени предмети мобилен телефон, што во станицата го донел граѓанин на Битола.