Македонија Кривична пријава за 23-годишна скопјанка за тргување со отпад

Кривична пријава за 23-годишна скопјанка за тргување со отпад

Скопјанката на нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во општина Чаир, на лице место е затекната како неовластено тргува со отпад без да поседува дозвола за вршење дејност

Photo by John Cameron on Unsplash

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднело кривична пријава против Р. Д. (23) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад”, соопшти МВР.

Од полицијата известија дека при извршена контрола на 27 јули годинава од страна на полициски службеници и инспектори од Државен пазарен инспекторат и Државен инспекторат за животна средина, на нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во општина Чаир, на лице место е затекната како неовластено тргува со отпад без да поседува дозвола за вршење дејност за управување со отпад издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.