Хроника Кривична пријава против петмина навивачи на „МЗТ Скопје“

Кривична пријава против петмина навивачи на „МЗТ Скопје“

Скопската полиција поднела кривична пријава против пет момчиња на возраст од 20 до 25 години, осомничени дека вчера, пред почетокот на кошаркарскиот натпревар меѓу екипите на МЗТ Скопје и Партизан, во обид да го пробијат полицискиот кордон, повредиле двајца полицајци, оштетиле возило на полицијата и искршиле стакло од прозорец на спортскиот центар „Јане Сандански“, информираат од МВР.

Пријави за кривично дело насилство на спортски натпревар СВР Скопје поднело против Д.Т. (25), М.П. (22), А.Т. (21), К.Ј. (23) и Љ.Н. (20), сите од Скопје.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 20 часот, кога при влегувањето во спортската сала навивачи од групата „Фемили“ почнале да фрлаат со тврди предмети и камења кон навивачката група „Гробари“, а осомничените се обиделе да го пробијат полицискиот кордон.