Хроника Кривична пријава и притвор за дилер на хероин

Кривична пријава и притвор за дилер на хероин

Скопјанецот Б.М. на големо купувал хероин, а потоа дрогата ја препакувал дома и ја продавал во централното градско подрачје, за што СВР Скопје поднесе кривична пријава поради постоење основи за сомневање дека сторил неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Од судија на претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

„На 9 јуни, во непосредна близина на Градски парк, во вечерните часови, пријавениот е забележан и легитимиран од полициски службеници на Единицата за недозволена трговија со дрога и при извршен личен преглед, пронајдени му се осум полиетиленски пакувања со хероин. По наредба на судија на претходна постапка, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени вкупно 15 полиетиленски пакувања со наркотична дрога хероин. По извршеното вештачење на хероинот пронајден кај Б.М. е констатирано дека нето-маса од 3,39 грама хероин, тој ја препакувал во 23 полиетиленски пакувања во поединечна нето-маса од 0,1 до 0,18 грама, при што едно пакување, во зависност од грамажата, го продавал на зависници од Скопје за цена од 300 до 600 денари“, информираат од МВР.