Македонија Критични преговорите за медиумите во работните групи

Критични преговорите за медиумите во работните групи

Преговорите во работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, критично заглавиле во сферата на медиумските реформи, дознава „Мета“ од извори од преговарачките тимови.

Според нашите информации, преговорите за реформите за медиумите не се мрднати од мртва точка, а нема ниту изгледи за брзо решавање на ова прашање.

Дознаваме дека преговорите за методологијата за прочистување на избирачкиот список се одвиваат со забрзано темпо и има големи шанси деновиве да се најде заедничко решение.

Денеска воопшто и не се разговарало на таа тема затоа што од ДИК на партиите им бил даден погрешен документ.

Се очекува утре партиите да ги достават своите крајни забелешки за методологијата за прочистување на избирачкиот список.

Средбата на работните групи ќе продлжи утре попладне во Клубот на пратеници во Скопје.