Македонија Коѕиас се сретна со Ахмети

Коѕиас се сретна со Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пристигна во седиштето на Канцеларијата за врски на Грција за да се сретне со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас.

Предвидено е средбата да трае половина час, а по завршувањето нема да има изјави.

Откако ќе заврши средбата со Ахмети, Коѕиас во хотелот „Холидеј ин“ ќе се сретне со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Премиерот Никола Груевски и грчкиот министер ќе се сретнат во Собранието.

Коѕиас имаше средба со претседателот Ѓорге Иванов, на која размениле мислења за вкупните билатерални односи.