Свет Балкан Косовските власти им ги простуваат долговите на граѓаните

Косовските власти им ги простуваат долговите на граѓаните

Владата на Косово денеска донесе одлука да ги отпише долговите на граѓаните и на правниците, настанати до 31 декември 2008 година, под услов да го исплатат долгот што го имаат во последните пет години.

Владата, исто така, донесе одлука за основање развоен фонд и фонд за вработување, како и одлука за основање комисија за изработка на концепт-документ за фонд за инвестиции и за вработување, како и фонд за развој.

Со комисијата ќе раководат еден од политичките советници на премиерот и претставници на одредени министерства.