Свет Европа Копенхаген: Тројца повредени при напад на синагога

Копенхаген: Тројца повредени при напад на синагога

Три лица се повредени при синоќешниот напад на синагога во центарот на данскиот главен град Копенхаген.

Како што јавуваат данските медиуми, еден од повредените е цивил, кој е застрелан во пределот на главата, додека останатите двајца се полицајци. Повредените се надвор од животна опасност.

Нападот на синагогата следеше по пукањето за време на собирот на карикатуристите во Копенхаген, при што едно лице загина, а тројца полицајци беа повредени.

Полицијата соопшти дека застрелала едно лице кое одбило да застане на полициското предупредување и отворило оган врз нив.

„Мажот беше смртно застрелан и почина. Во инцидентот нема настрадани полицајци“, стои во полициското соопштение, во кое се додава дека убиениот, најверојатно, е извршителот на нападите врз синагогата и врз собирот на карикатуристите.