Култура Концерт на „Љубојна“ на 20 декември во „Универзална сала“

Концерт на „Љубојна“ на 20 декември во „Универзална сала“

На 20 декември, во 20.30 часот, во „Универзална сала“ во Скопје, етно-групата „Љубојна“ ќе одржи концерт насловен „Љубојна музика на дланка“. На концертот ќе има музика од нивниот последен албум „Незгаснати огништа“, како и хитови од нивните претходни албуми.

Специјален гостин на концертот е џез-музичарот и пијанист Васил Хаџиманов. Билетите се во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, како и на билетарницата на „Универзална сала“, по цена од 350 денари.